Ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Словенија на ЕП во Хрватска привлече огромно внимение кај целата јавност, особено кај нас Македонците. Разборливо, ние од дома како и нашите кои беа на трибините, сите заедно навивавме за Македонија.
И веројатно со своето навивање, барем оние што беа таму, а ние со добрите вибрации од овде им помогнавме на Раул -„Ел команданте“ и нашите момчиња да дојдат до толку посакуваната победа. Нашите ракометари и овој пат оставија „срце на терен“, ама оставивме и ние – навивачите… И срце и нерви и грло. И на трибини и крај телевизор!
Ние дома, ама и таа… Иако далеку од дома, од родната Македонија. Некогашната ТВ водителка на најпопуларниот ТВ магазин „Бекстејџ“, Марија Маца Петровска повеќе не е во Македонија. Таа речиси две години живее кај својот избраник, во Цеље, Словенија. Ама Маца очигледно никогаша не заборавила ниту која е, што е и од каде доаѓа!
Македонија – Словенија на ракометниот терен, а таа среде Словенија во македонски дрес, со високо кренато шалче на кое пишува: „Една нација – една страст – Македонија“, остави и срце, и грло и душа крај големиот телевизор навивајќи за своите и својата татковина! Избраникот може да биде Словенец, новата држава во која можеби и довека ќе живее може да е Словенија, ама срцето и душата се едни во неа, во нашата горда Македонка, Марија Петровска!
И бившите колеги од „Бекстејџ“ и уредникот не пропуштија да не ја пофалат, да ја поддржат, да не ја посочат за вистински пример, како се сака својата татковина!
„За когоооо? За Македонија! И големо БРАВО за нашата, една и единствена Марија!