Охриѓанецот Ристе Ристески публиката го препознава по неговото учество во „Ѕвездите на Гранд“. Имено, тој е единствениот Македонец кој досега победи во музичкото шоу.
Тој со својот глас и својата харизма го освои жирито, но и публиката. Ристе беше и еден од омилените кандидати на Карлеуша која неколку пати истакна е вистински фраер и дека ќе биде ѕвезда.
По победата, македонскиот пејач се пресели во Белград, снимаше неколку песни и имаше настапи низ регионот.
Ристе Ристески, не е од оние што покрај професионалните моменти и ангажмани, практикува да објави некој детаљ од приватноста.
За промена, охриѓанецот овој пат на следбениците им покажа како изгледаат неговите две помали сестри.
Имено, на својот профил на „Инстаграм“ тој објави фотографија со неговите две помали сестрички Aнастасија и Марија.
Тројцата насмеани позираа пред објективот на камерата.
Сестри, партнери во сė“ напиша тој покрај фотографијата.
Инаку, откако фати короната Ристе направи пауза од настапите, но и од социјалните мрежи каде што не објавуваше многу објави. Меѓутоа, тој сега се врати на сцената, а и редовно ги известува фановите за неговите активности.
фото: Принтскрин/инстаграм/ристе ристески