Мегафон

„Парни ваљак“ бараат замена за Аки: Кога немаш каде!

„Парни ваљак“ бараат замена за Аки: Кога немаш каде!

Хрватските рок-легенди „Парни ваљак“ бараат привремена замена за својот пејач Аки Рахимовски, кој заздравува по  лесниот мозочен удар што го доживеа неодамна. Тие се’ уште не откриваат или навестуваат кој би можел да го замени Аки на претстојните концерти, но тоа ќе биде првпат од основањето во 1975 година, групата да има друг пејач.

По изливот на крв во мозокот, кој го имаше во почетокот на минатиот месец, Аки  заздравува, иако сè уште постои можност да оди на операција. Во меѓувреме, го смени начинот на исхрана и ги откажа кафето и цигарите.

Иако Аки откако излезе од болница им се заблагодари за големата поддршка која фановите на бендот му ја даваат и рече дека едвај чека наскоро одново да се видат на сцената, очигледно работите не одат во тој правец.

„Аки во наредниот период нема да настапува. Тоа е само од претпазливост. Добро напредува, но не сакаме да го оптоваруваме“, кажа менаџерот на групата, Дино Бахтијаревиќ.

Бендот ќе го има првиот настап без 62-годишниот Аки на 17 мај. Тој е еден од основачите на групата и беше вокал на сите 18 студиски албуми.

Секако дека нема пауза за останатите активности на групата, па така веќе денеска, 7. мај 2018 се очекува премиерата на нивната нова песна насловена „Кад немаш куд“.

To top