Парис Хилтон на својот „Инстаграм“ објави фотографија и на своите следбеници им покажа како изгледала на 13, 15 и 16 години.
На сите три фотографии, Парис изгледа потполно различно, па многумина се сомневаат дека направила естетски операции.
„На 13 години позирам за селфи“, напиша Парис во описот на првата фотографија, а многумина ја прашаа дали ги корегирала усните.
На фотографијата каде што има 15 години, во прв план е нејзиното бујно деколте.
„Кога имав 15 години и ја открив магијата на „push up“ градниците“ напиша Парис.
Само една година подоцна, Хилтон изгледа многу поразлично, со видени промени на лицето кои се резултат на влегувањето во пубертер.