Парис Хилтон по 20 години откри трауми од своето детство.
Богатата девојка снима филм “This is Paris“ за тоа како била злоставувана како тинејџерка во Јута.
„Толку долго ја закопував вистината. Тоа се случи во доцните 90-ти, но јас сум гордана себе за тоа каква жена станав. Моите родители беа строги, а јас бев бунтовник, ме казнуваа ми ги земаа картичките, телефонот, но не успеа, сепак изгледував “, изјави Париз, а нејзините родители ја испратиле во интернат, каде што Парис останала 11 месеци и го подобрила своето однесување.
„Тоа требаше да биде училиште, но не беше така. Уште кога ќе се разбудев, ми врескаа во лице, тортурата беше константна. Ме злоставуваа, мислам дека нивната цел беше да ме скршат. Тие нè тепаа и нè давеа, мислам дека сакаа да создадат чувство на страв за да ги слушаме. Го мрзев својот живот“, раскажува Парис.
„Со семејството разговарав еднаш во три месеци, сакав да им пишам на родителите што се случува, но тие ми велеа дека никој нема да ми верува“ вели Парис која на 18 години изглела од училиштето, но била исплашена да зборува за овие трауми.
„Сакам да ги затворат ваквите интитуции, доста е со малтретирања“ заклучува Хилтон.