Радио Милева

Парче од свадбената торта на Чарлс и Дијана продаденo за вртоглава сума на пари, но има еден голем проблем за купувачот…

Парче од свадбената торта на Чарлс и Дијана продаденo за вртоглава сума на пари, но има еден голем проблем за купувачот…

Парче торта од венчавката на принцот Чарлс и лејди Дијана Спенсер од 1981 година беше продадено на британска аукција во средата за 1.850 фунти, со предупредување – не јадете го!

Почетната цена на парче торта стара 40 години со марципан и бела глазура беше од 300 до 500 фунти, но се продаде за три пати поголема цена.

„Бевме изненадени од бројот на луѓе кои беа заинтересирани за ова големо и уникатно парче кралска торта“, рече аукционерот Крис Албери и специјалист за кралски спомени на аукциската куќа Dominic Winter Auctioneers во Сиренчестер, западна Англија.

„Имаше многу заинтересирани понудувачи, главно од Обединетото Кралство, САД и неколку земји од Блискиот Исток“, наведе Албери во е-пошта.

Останати вести од Радио Милева