Радио Милева љубов и одмор со стил

Пар како од латиноамериканска серија: Елена Стефановска и нејзиниот партнер на одмор во Хрватска уживаат со стил (фото)

Пар како од латиноамериканска серија: Елена Стефановска и нејзиниот партнер на одмор во Хрватска уживаат со стил (фото)

Водителката Елена Стефановска го користи секој слободен момент да оди некое егозтично патување од каде што често знае да ги почести фановите со фотографии на кои наликуваат на разгледница.

Поради пандемијата со коронавирусот, изминатата година ипол не можевме многу да патуваме или бевме ограничени.

Елена и во таа прилика најде време и простор за одмарање.

Меѓутоа, ова лето водителката заедно со својот партнер Бојан Најдоски летната сезона ја отвори во Хрватска каде што живее нејзината сестра.

Стефановска отаму редовно објавува фотографии покажувајќи како го поминува времето, како се сонча покрај морето, романтични прошетки, вечери….

На една од последните фотографии, Елена позираше на брод заедно со Бојан. Имено, таа е облечена во син фустан и шешир на главата. Додека пак нејзиниот сакан е во бела кошула и шорцеви, а парот позираше еден покрај друг и изгледаат како од шпанска серија.

Нејзнините следбеници ги опсипаа со коментари.

„Се гледа Бојан колку е заљубен во тебе“; „Убав пар“, „Прекрасни“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат под објавата.

фото: Инстаграм/елена стефановска

To top