Радио Милева

Папсана од улогата на Азизе: Еве што се мораше да издржи славната актерка за време на снимањето на „Далеку од дома“ (фото)

Папсана од улогата на Азизе: Еве што се мораше да издржи славната актерка за време на снимањето на „Далеку од дома“ (фото)

Љубовта од филмски сет на турските актери Халит Ергенч и Бергузар Корел им се претвори во брак, а седум години подоцна одлучија повторно заедно да работат на серијата „Vatanim sensin“ или во превод „Ранета љубов“.

Двајцата биле привлечени од сценариото, а гледачите ширум Европа и Азија се воодушевени од нивната хемија пред камерите. Серијата се снимаше во четири града – Истанбул, Измир, Измит и Бодрум, а приказната се одвива во времето по Првата светска војна и распадот на Отоманската империја.

фото:инсатграм

Халит за оваа воена драма морал да пушти брада и сериозно да ја зајакне својата физичка подготвеност за улогата на Џевдет. Во едно прилика изјавија дека за време на снимањето на серијата заборавиле на приватниот живот, а една епизода која трае два ипол часа тотално им ја одземала силата.

фото:инсатграм

За тоа говори и една фотографија која се најде на профилот на убавата Бергузар или Азизе која спие на столчиња за време на паузата.

Инаку, иако не почтокот популарната актерка не сакала да ја прифати улогата на Азизе, но откако го прочитала сценариото била заљубена во нејзиниот карактер , храброст и пожртвуваност.

фото:инсатграм

Инаку, серијата е адаптирана по оригинални записи од турско-грчката војна.

To top