Викендите вообичаено се резеревирани да правите се она што не може да го правите во текот на работна недела, да поминете повеќе време со најмилите, да се опуштите во некој ресторан или пак да заминете на викенд.
Многумина, чекаат да дојде петок за да може да уживаат во престојниот викенд.
Македонската водителка на „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки овој викенд го резервираше за дружба со своите пријателки во еден скопски ресторан.
Имено, Алачки уживаше во опуштена атмосфера и во разговор со придружбата.
Со оглед на тоа дека Aлачки пред некој ден славеше роденден, можеби токму тоа било повод да прослави во кафеана.
Адријана ги остави на страна обврските, па се опушти со своите пријатели и веруваме дека ги наполнила „батериите“.
Водителката си замина расположена нешто пред полноќ, а веруваме дека вечерата со другарките придонела да се расположи и уште повеќе да ужива.