Манекенката Кендал Џенер (25) била уловена од страна на папараците додека уживала и одмарала на луксузна јахта во Сардинија во друштво на нејзиното момче, Девин Букер.
Ова е една од ретките можности нејзините фанови да ја видат во папарацо фотографии во костим за капење, а не на Инстаграм или фотографии од магазини зад кои стојат фотошоп и подобро осветлување.
Атрактивниот модел парадираше на јахтата во минијатурно бикини со цветен принт, а овој модел на костим за капење не го соблекуваат ниту една од сестрите Кардашијан – отркива повеќе отколку што сокрива.
Кендал изгледот со надополни со бела капа и темни очила за сонце, а немала ниту грам шминка, но и покрај тоа изгледала сјајно.
Инаку, Кендал и НБА кошаркарот се заедно од јуни 2020 година, а врската ја обелоденија на Денот на вљубените оваа година. Ретко објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, но често се појавуваат заедно во јавност.