Раперот Стефан Ѓуриќ Раста ево врска со 12 години помладата Марија Балабан, а за тоа дека двајцата не се разделуваат говори и фактот дека врската оди во добар правец.
Имено, тие двајца беа фатени на настан во главниот град, а екипата на шоуто „Папарацо лов“ успеа да ја „улови“ новата избраничка на срцето на Раста додека доаѓаа на овој настан.
Иако Раста повеќе им се посвети на пријателите и јавно не разменуваа нежности, на сите им беше јасно дека таа е неговата нова девојка која ја крие подолго време, со оглед на тоа дека по ова отидоа директно во неговиот стан.
Да потсетиме, Стефан Ѓуриќ Раста (33) наводно почнал да живее со својата нова девојка Марија Балабан (21) која се вселила кај него.
Марија е првата девојка која Раста ја претстави во јавноста по разводот со Ана Николиќ.
фото:Ало.рс/Папарацо лов принтскрин