Деновиве главна тема во медиумите, барем кога станува збор за естрадата е новото момче на Цеца Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ.
Имено, секојдневно во српските медиуми може да прочитаме новости за љубовниот живот на фолк ѕвездата и нејзиниот нов партнер.
Папараците во текот на вчерашниот ден, (20.01.2020) ја следеа Цеца за да ја уловат со својот сакан.
„Папарацо лов“ ја следеше Ражнатовиќ од нејзиниот дом на Дедиње, а фолк ѕвездата се упати во Крагујевац, на слава кај Милош Срејовиќ татко на нејзиното момче.
Екипата ја следеше Цеца, а во еден момент таа ги забележа и ги поздрави.
Кога Цеца пристигна пред домот на Милош, таа од автомобилот излезе на паркинг односно во подурмот на зградата за да не може папараците да ја снимаат.
Како изгледаше тоа, погледнете подолу.