Коронавирусот не ја одмина ниту Бекингамската палата во Англија. Странските медиуми објавија дека сега таму владее страв бидејќи еден од вработените по тестирањето е позитивен.
Кралицата Елизабета пка, ја напушти палатата пред неколку дена, со цел да го избегне вирусот.
– Вработениот дознал дека е позитивен пред кралицата да замине во Винздор. Палатата има 500 членови на персоналот, па не е незамисливо дека некој ќе се зарази – рекол извор од кралското семејство.
Секој член на персоналот кој бил во контакт со заразениот, ќе мора во самоизолација. Инаку,откако вирусот се прошири, кралицата избегнуваше контакт и ракување со луѓе.
Во следниот период обврските на кралицата ќе ги преземе нејзиниот внук, принцот Вилијам.