Радио Милева
Народот не си го заборава името - Загинаа за Македонија, попе...

Панихида по Јуда: Зар и ти оче „Северџан“, по умот на црпнатиот? (ВИДЕО)

Панихида по Јуда: Зар и ти оче „Северџан“, по умот на црпнатиот? (ВИДЕО)

На поменот кој се одржа за македонските бранители, свештеникот на „Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија“ предизвика реакцијата кај присутните.

Тој држејќи панихида за загинатите бранители, на поменот наместо името Македонија, ќе ги употреби зборовите од познатата политичка флоскула на оние што насила го променија уставното име на Република Македонија, па ќе рече:  „Тие го дале животот за нашата самостојна и независна држава“, а присутните на поменот како во еден глас реагираа и го поправија:

„За Македонија, попе, загинаа за Македонија!“

Со вакавата своевидна и своеволна  „Панихида по Јуда“,  отец „Северџан“ на овоземската богослужба кај народот си го потпишал крајот… Ама и кога навистина еден ден, нему на овој свет ќе му дојде крајот, уште отсега може да смета, дека си ги затворил портите на рајот!

Зашто храбрите синови за Македонија загинаа попе, за Македонија… И секој од нив ќе го паметиме како голем и храбар патриот, а ти оче „Северџан“, само напред, по умот на црпнатиот!?

Останати вести од Радио Милева