Мегафон

ПАНФИЗ од 30 јуни на отворено пред платото на МНТ

ПАНФИЗ од 30 јуни на отворено пред платото на МНТ

Од 30 јуни до 2 јули е најавено 14-тото издание на Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар, ПАНФИЗ.

Поради здравствените препораки и оваа година Фестивалот ќе се одржи на отворено, пред платото на МНТ на северозападната тераса, а местата ќе бидат ограничени.

„Оваа година имаме ексклузивна македонска фестивалска премиера и тоа во режија и кореографија на Ирена Лозинска – претставата се вика „Четири“ и е сублимат на физички театар, буто, танц и пантомима. „Алис ин Вондербанд“ од Србија и оваа година е на ПАНФИЗ, но овојпат со целодневна работилница наречена „Телото како инструмент“, која ќе биде вистинско освежување за млади таленти, но и постари актери заинтересирани за перкусионистички елементи, пеење, ритмика и актерска игра. Од Бугарија ни доаѓа Александар Илиев, со претставата „Комедија дел’ арте“, а ќе видиме и два буто перформанси, во продукција и изведба на Нектан Арт Центар, Марко Стојановиќ од Србија, а тоа се претставите „Светиот Маченик“ и „Спајдердаст“. Идејата е да не застанеме и да не ја прекинеме традицијата. Продолжуваме да чекориме и да ја промовираме пантомимата и физичкиот театар колку и тоа да изгледа тешко во овие времиња. А тешко е“ – соопштија организаторите.

To top