Радио Милева дискриминирани од државата...

Панчо од ДНК ја прозва власта: „Естрадата е тотално заборавена и никој не зборува за неа“?!

Панчо од ДНК ја прозва власта: „Естрадата е тотално заборавена и никој не зборува за неа“?!

Корона пандемијата кај нас никако да стивне… Напротив, дури зема и замав, па секој ден имаме повеќе новозаболени отколку во т.н. пик, нови починати, се’ уште карантин, изолација, полициски час…

Од една страна на власта устата и е полна со повици за брзи избори, на кои во вакви услови наместо гласови ќе броиме новозболени и починати, а од друга страна мафта со некакви први, втори, трети пакети на мерики, од кои никој не е задоволен. Цели дејности и индустрии се заборавени, забаталени, маргинизирани и оставени сами на себе, па затоа секојдневно наместо насмеани, задоволни и среќни лица, гледаме катанци на вратите и натписи од типиот: дуќанот се издава, локалот се продава, просторот се рентира… Туризмот, угостителството, естрадата, ивент индустријата, па и добар дел од културните дејности се на „респиратор“… На умирање. А без нив, ќе умре и нашиот идентитет како народ, како Македонска нација!

Естрадата и ивент индустријата каде по дифолт е се’ во приватна сопственост, државата дефинитивно ги заборави! Илјадници естрадни уметници, пејачи и пејачки, музичари, продуценти, автори, со месеци се без „скршена банка во џебот“, оставени самите на себе, да живеат од заштеда, позајмици, кредити… а при тоа да немаат можност ништо да заработат.  Истата приказна, копи – пејст е и со т.н. ивент индрустрија. Менаџери, извршни продуценти, организатори на концерти, изнајмувачи на озвучување, осветлување, сценска опрема… Сите тие сосе нивните вработени и семејства се препуштени на стихијата. Кој ќе преживее – ќе раскажува… Или ќе се кае и проколнува!?

И за нив власта молчи, ништо не зборува, никој не ги споменува… Оставени, заборавени, дискриминирани… А се работи за илјадници луѓе во Македонија, плус нивните повеќечлени семејства, кои од пристојна и солидна заработка, негрижата на државата и власта речиси ги претвори во социјални случаи… Од газди во питачи!

Премиерката на соседна Србија, Ана Брнабиќ на пример, веќе дозволи одржување на најголемиот фестивал во Европа „Егзит“ каде се собираат неколку стотици илјади луѓе во август.

Во Хрватска Министерството за култура и „Хрватското здружение на музички уметници“ се во акција за помагање и субвенционирање на најзагрозените естрадни уметници и музичари, кои освен своите настапи кои ги нема, немаат друг извор на егзистенција за себе и нивните семејства, додека во Македонија помошта од државата за оваа фела е само мисловна именка!

Нашето Министерство абер нема да и помогне на естрадата, или пак ЗАМП, кој кога беа неговите интереси во прашање, дури се дрзна да забранува македонска музика со месеци на медиумите, а касата ја полни до небо токму од парите на естрадните уметници. Неговите челници сега скриени како глувци во глувчешка дупка, си молчат и си крцкаат од колачот, ниту на крај памет да им падне да бидат хумани, да се фатат за џебот и да им помогнат на најзагрозените од оние, кои истиот тој џеб дебело им го полнат!

И додека естрадата диши на „респиратор“ или подобро речено како риба на суво „на шкрги“, меѓу првите се јави Владимир Блажев, алијас ДЈ Шорти или познат како Панчо од ар ен би дуото ДНК, кој отворено и јавно ја прозва власта преку својот Фејсбук, дека нивната дејност е заборавена, а ивент индустријата и естрадните уметници грубо дискриминирани.

По неговиот јавен повик до владата можеби некому од власта… ќе му текне?! Како што им текнуваше да прават спектакли на кои трошеа стотици илјади државни, или поточно, наши пари, за Цеца, Брена, Аца Лукас, Жељко Јоксимовиќ, Северина… Од „Струмица опен“,  преку „Пиво фест“ во Прилеп до „Штипска пастрмајлијада“…  и уште стотици локални „селски игранки“ за турбо забава на народот и политички поени на власта!

 

 

 

 

 

 

To top