Радио Милева ЗОО негователи

Панчо и Миа со децата во ЗОО: ДЈ Шорти покажа дека не мора да си Шекил О’Нил за на својот профил да закачиш селфи со жирафата (ФОТО)

Панчо и Миа со децата во ЗОО: ДЈ Шорти покажа дека не мора да си Шекил О’Нил за на својот профил да закачиш селфи со жирафата (ФОТО)

Скопската зоолошка градина ја продолжува кампањата „За здрави и среќни животни“. По Тамара Тодевска и нејзината ќеркичка Хана,  градината доби нови познати фаци  за ЗОО негователи.

Имено, деновиве водителката Миа Костова со своето синче Андрија и Панчо – ДНК, исто така познат како ДЈ Шорти со синот Андреја ја посетија зоолошка и се најдоа во таа улога.

Како и секогаш, најпривлечни и најинтересни се оние животни кои имаат питомо однесување. Лемурите, папагалите, кенгурите, жирафите… со својата дружељубивост и пријателско однесување им станаа „први другари“ како на двата јавни лика, така и на нивните два наследника – Андреја и Андрија.

Со лемурите не  е проблем да се фотографираш, ионака сами ти доаѓаат…

…И малото албино кенгурче  исто така, можеш да го галиш и храниш од рака…

…А папагалот – белиот какаду пак,  обожава амо да се шета застанат на нечие рамо.

И жирафите не се проблем,, освен ако не сакаш да направиш селфи со некоја од нив. А Панчо посака и оп… ете ти проблем. Како да направи селфи, кога ДЈ Шорти не и е ниту до колена?

Арно ама, Панчо е итар, па откако ги виде децата, му текна дека и тој има… „рамо, рамо – друже мој“, па се досети како да го искористи.

И сврте грб на жирафата, стави мало гранче со свежо лисје на своето рамо и… Ем жирафата сита, ем Панчо  има селфи слика! Покажа дека не мора да си Шекил О ‘ Нил за на својот профил да закачиш селфи со жирафата!

Така сите здрави и среќни, во тие  неколку часа минаа незаборавни моменти со нивните нови другари од скопската ЗОО. На радоста и среќата на децата и немаше крај, а Миа и Панчо покажаа дека покрај сето друго, умеат да бидат и добри родители и добри ЗОО негователи на нивните нови пријатели.

To top