Момците од ДНК, Панчо и Андреј, отсекогаш биле искрени, директни и коректни, како во песните, така и во реалноста, а и во непосредниот однос со новинарите. Неодамна го издадоа синглот за „Ромео и Јулија“, како и спотот за истата.
Токму нивната најнова песна со експлицитен текст и видео запис, беше темата на разговор од нивното најново интервју дадено за емисијата „Ексклузив“ на 1Тв.
Доколку сте го гледале спотот, а веруваме дека е така, сигурно сте ги запаметиле разголените девојки, кои на некој начин станаа неизоставен дел од видеата на ДНК години наназад.
Водителката ги праша Пачно и Андреј како би реагирале кога би ги виделе вашите деца во тие пози и такви видео записи, на што тие искрени и без резерва одговорија:
-Претпоставувам дека јас не би се осеќал лагодно, искрен да бидам. Ама исто што кажа и Андреј, девојките што снимаа го изработија тоа професионално. Како што ние одиме на настапи и го работиме тоа. Само што кај нас за жал се уште е табу тема. Мене искрено би ми било неугодно да си ја гледам ќерка ми така, ама би сакал да го гледам син ми како на мое место, вели Панчо, а Андреј се надоврза.
-Види, ние сме нормални и изживеани дечки, се сме виделе, немаме проблем со ништо, па ако ќерка ми утре сака да биде разголена во нечив спот, тоа е нејзин избор. „Не лажи бе“, се вмеша Пачно. Не, не! Тоа што го прави во спотот нека го прави, да не биде после спотот е проблем, завршува Андреј со насмевка.
Погледнете: