Македонија – земја на многу работи, најмногу на апсурди! Повеќе има грижа за домашните миленици и кучињата скитници, отколку за луѓето… Особено ако се работи за некој кој е на улица, без дом, приходи, никој свој, напуштен, сам, гладен и болен со длабоко нарушено здравје… Едноставно бездомник во тешка материјална и здравствена состојба.
Токму едно такво лице, легнато на афалтот крај жичената ограда, во полубесознание, со очигледно нарушено здравје и животнозагрозувачки функции, оставено само да умира среде центарот на Скопје. Без никој да му пријде, погледне, помогне, пружи соодветна нега и помош… Тажно јадно и бедно, нехумано, нечовечки… Очајна слика на „распадот на системот“ во кој се изгубени сите човечки, етички и морални вредности, во кој човечкиот живот вреди помалку од кучешкиот.
И додека институциите на „системот во распаѓање“ никаде ги нема, за подоцна веројатно како по обичај во медиумите да почнат да си ја префрлат топката, чија надлежност и одговорност била човекот да се згрижи и да му се помогнем, естрадата уште еднаш прва посегна да помогне.
Панчо и Андреј од ар-ен-би дуото „ДНК“ уште еднаш покажаа дека се многу повеќе од „само забавувачи“ туку пред се’ хумани луѓе, подготвени секогаш кога треба да помогнат. И додека додека власта и системот одново потврдија колку се „трули и распаднати“ двајцата естрадни уметници понудија помош во лекување на напуштеното и оставено во лоша здравствена состојба бездомното лице.
Панчо јавно се огласи на својот Фејсбук профил опишувајќи ја ситуацијата, нудејќи ја својата и помошта на неговиот музички ортак за лекување на нивна сметка на човекот, но и прозивајќи ги власта и институциите на државата кои се толку инертни, што додека реагираат може да биде доцна, зашто лицето е речиси на работ. Потоа премиерот како по навика, веројатно одново ќе тврди дека „прозивките за оставки“ се… баналност?!
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/djshortypofficial/Vladimir Blazev