Радио Милева

Панчо ДНК за Слаткаристика: „Отсекогаш ми бил инспирација кога имам запек“

Панчо ДНК за Слаткаристика: „Отсекогаш ми бил инспирација кога имам запек“

Владимир Блажев или Панчо од ДНК веќе извесен период е во медиумски и препукувања на социјалните мрежи со пејачот Јоце Панов и раперот Марко Маринковиќ Слаткар.

Јоце преку едно телевизиско интервју рече дека на Панчо би му удрил бокс и би го истепал, додека пак Слатар не е за агресивен испад, туку не сака да има никаков контакт со Панчо, па дури ни кога работата би ги споила.

Имено, се започна кога Слаткар во една негова песна го посочува својот колега Ди Џеј Панчо како човек кој е доказ дека во Македонија за да успееш не ти треба талент.

Панчо пак, не остана имун на тоа што Слаткар го навреди во песната и уште тогаш, додека беше во Америка го возврати ударот кон раперот. Топката не ја спушта ниту едниот, ниту другиот и по неколку месеци. Имено, Маринковиќ неодама во едно ТВ изнтервју го изјави следното:

Не сум се скарал јас со никој. Едноставно сум имал фаза во животот кога сум кажал, нејкам да го гледам, пошто он не е баш многу за гледање, за слушање не е па уопште ама ајде… Така да, ја немам никаков проблем со него само не сакам да имам никаков контакт. Животот е чудо, утре може самиот бизнис ќе не спои ама ја се надевам дека нема, кажа Слаткар без влакна на јазикот.

Тука не застана ниту Панчо. Тој во еден од своите последни статуси повторно го споменува Слаткар и тоа остро.

Овој ПРЕ талентиран дечко со неговите интелектуални текстови и wannabe funny ЈНА фори, одсекогаш ми бил инспирација кога имам ЗАПЕК“- пишува Панчо на што доби доста коментари од пријателите и следбениците кои го провоцираа да напише уште нешто, но тој дополни дека воспитувањето не му дозволува да преминува некои граници.

Како што тргнало, очигледно оваа „војна“ меѓу Панчо и Слаткар нема така лесно да заврши.

 

To top