Радио Милева шегобиец

Панчо – ДНК прво ја покажа новата девојка, па ни долови како тоа изгледа „уметничко ВЦ“ (ФОТО)

Панчо – ДНК прво ја покажа новата девојка, па ни долови како тоа изгледа „уметничко ВЦ“ (ФОТО)

ДЈ Шорти или Панчо – ДНК меѓу останатото е познат и по своите шеги на своја сметка. Освен меѓу блиските и колегите, Панчо се почесто знае да направи зафрканција  „на свој грб“ и на социјалните мрежи, споделувајќи по некоја интересна фотографија или пост.

Така, неодамна „посилната половина“ на дуото ДНК (ова посилна – не дека Андреј не е машко, туку дека Панчо  не излегува од теретана) постираше фотографија на својот Инстаграм профил на кој ја покажа новата девојка…

Така барем напиша во постот крај фотографијата, на која се фотографираше во атарот на едно тетовско село, крај кочината од која ѕирка портретот на споменатата „убавица“!

Како заврши „убавицата“ не знаеме, ама со каква шеговите фотографија повторно не насмеа Панчо, сега ќе дознаете.

Имено, неговата нова „фото смешка“ потекнува од пред неколку години, каде тој заедно со своите колешки Каролина Гочева и Елена Ристевска е фотографиран на некој заеднички настап. А во бекстејџот нормално, покрај другото логично е да има и тоалет… Само што овој е „уметнички“… И групен!

Така барем напишале организаторите, а Панчо само сакаше да се потсети на убавите времиња… Кога и ВЦ-ата беа… „уметнички“!

Не разбравме само дали некој од славната тројка на фотографијата, таа вечер „ и ја потпиша уметноста со сопствено дело“ во вид на  „интервенција во простор“,  во посоченото „уметничко катче“?

 

To top