Радио Милева потег за респект...

Панчо-ДНК покажа со пример што е тоа почит кон сите: Респект за комуналците, зашто сите сме исти… луѓе! (ФОТО)

Панчо-ДНК покажа со пример што е тоа почит кон сите: Респект за комуналците, зашто сите сме исти… луѓе! (ФОТО)

Владимир Блажев или попознат под уметничкитте прекари ДЈ Шорти како диџеј и Панчо – ДНК, како една половина од популарното македонско ар ен би дуо, познат по својата отвореност, по тоа што е без влакна на јазикот и нема проблем вистината секому да му ја плесне в лице.

Но, Панчо што сам, што заедно со својот компањон Андреј безброј пати безрезервно ја покажал(е) својата хуманост и човечност на дело. Но покажал и дека е човек кој пред се’, максимално  ги почитува останатите луѓе, има респект кон секого без оглед кој што е и каде работи, кој на каква функција е, кој колку има или нема… Панчо за секого има убав збор, подадена рака, време за муабет, максимална почит…

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dnk-vo-ushte-edna-vozmozna-misija-jordan-pokaza-kako-se-saka-majka-a-andrej-i-pancho-kako-izgleda-da-si-golema-dzvezda-so-ushte-pogolemo-srce-foto/

Тоа македонскиот музички уметник и артист уште еднаш го покажа на дело.  И тоа кон луѓето чија работа е една од најпотценетите, најмалку платените, речиси да нема некој би сакал да ја работи ако ептен не мора, а е работа која е една од најважните: одржувањето на хигиената во градот, собирањето на градскиот смет и ѓубре! Не попусто се вели: „Хигиената е половина здравје“… Онаа личната, но и онаа на заедничките површини и собирањето на отпадот!

Токму затоа Панчо во вечерните часови, враќајќи се кон својот дом имал необична, но за него и за неговите нови пријатели драга средба. Случајна, но намерата да се покаже човечност, да се даде пример што е тоа почит кон сите, респект кон секого, та бил тоа и работник во комуналната хигиена или популарно наречените „ѓубреџии“, е непроценлива! Конечно, Панчо со својата постапка уште еднаш покажа дека сите сме исти, зашто сите сме… луѓе!

„Мајка ми отсекогаш ме воспитуваше да ги респектирам хигиеничарите со иста почит како што ги респектираат директорите или луѓето кои се на повисоки функции и позиции, и можеби затоа од секогаш сум бил на страната на вработените и сакам да верувам дека сите сме ИСТИ.
Вчеравечер враќајќи се накај дома, ги приметив Мамет, Адем и Ризван како се возат на камионот на комунална хигиена. Луѓе кои работат на минусни и пеколни температури само за да обезбедат егзистенција за себе и своето семејство. Застанаа кај контејнерите да ги испразнат и да си ја завршат работата па ми дојде некако спонтано да застанам и јас. Имав некој колачи ( 2 кутии ) па ги земав со мене излегов, ги поздравив и ги замолив да ги прифатат како благодарност за тоа што ни го чуваат Скопје да е колку толку почисто.
Се погледнаа меѓу себе видно изненадени па Ризван рече дека е во ред ги зема и ми се заблагодари па потоа и сите останати. На крај едниот од нив, Мамет ме препозна ( најмалце битно во случајов) па им дадов и по едно цд од ДНК. Поентата ми е дека сите сме ЛУЃЕ, сите сме ИСТИ само со различни судбини, а на крајот на денот сакам да верувам дека секогаш ЉУБОВТА, ПОЧИТТА и ШИРОКО ПОДАДЕНАТА РАКА победува“ – напишал Панчо покрај фотографијата на која е фотографиран со вредните комуналци, а истата гордо ја споделил на социјалните мрежи.
Голем респект кон нив, уште поголем за Владинмир Блажев и неговиот потег, за кого човекот е ЧОВЕК!

To top