Колку и да се чини дека „е песна“, оддамна е познато дека естрадниот живот воопшто не е лесен. Ловориките на славата се слатки, ама патот до нив е трнлив, а попатните случки знаат да бидат „и мед и пелин“… Кога како!
Македонското ар ен би дуо ДНК важат за едни од најпопуларните изведувачи кај нас, па зато речиси и да немаат слободен викенд преку целата година. Настапите се неброени, а секоје тргнување на пат е нова авантура. Една токму таква, празнична, викенд авантура за Велигден за нив се покажа како епска.
Панчо и Андреј тргнаа на викенд настапи во познати ноќни клубови во Охрид и Кичево, аро ама она што им се случувало по пат нема врска со естрадата… Има со животот! Или ако сето се сумира во една реченица би звучело отприлика како насловот на овој напис, кој е всушност своевиден патопис:
„Скопско педе*че, на пивце пред кооперација, пица и тулумб и со шлеп служба на Стража“! Иако не е баш така како што на прва звучи, па затоа еве како Панчо подетално го опишал на својот Инстаграм она што го доживеал за велигденскиот викенд:
„Епски празничен викенд кој ќе пробам да ви го доловам на feed преку фотки и видеа.
Со братот Дениз уште нестасани во Охрид “шоуто” започна со еден “гостипримлив” охридски шофер кој гарант е застанат назад во времето и од комбето извикуваше: „Скопско педерче!“ Ама некако не му се симнуваше доле иако ја отвори вратата.
Нејсе, свирев во @skycorner__ и пројдовме ТОП. ( штета немам видео и фотки ) Утредента настап во Кичево но со Дениз решивме да го искористиме слободното време и да направиме мала екскурзија низ западот од нашево убаво земјиче.
Преку Волино па Мороишта каде застанавме и фукнавме пивце пред кооперација со чичко Разме, Златко и Љупчо. ( Пронајди го Андреј )
Следниот стоп беше Дебар. Потоа тркнавме да јадеме до Јанче во некој ресторан “Туто” но немале доволно персонал па учтиво ни се извинија дека доколку немаме резервација нема да можат да не услужат. Mоже и дека бевме грди па нејќеа? Продолживме во потрага по храна па застанавме во Ростуше. Таму го начекавме чичко Адем како продава јаболка (си купивме некое килце ) па отидовме да јадеме.
Седнавме во “Бос” каде ни направија две топ пици, а фукнавме и по една тулумба.Најадени тргнавме накај нана му на Дениз до Велебрдо ама не стасавме, откажа кумплугот колата.
Благодарност до еден скопски пар кои не префрлија до првата бензинска и еден мештанин кој ми укажа како да возам и стасам до Кичево на настап, па за назад – Шлеп служба.
Тргнавме, стасавме до Стража и тука колата ни откажа скроз. Хронолошки ви ги ставам сликите и видеата, и МОРАТЕ да видите што му се случи на Дениз за кој се загриживме каде е чекајќи го со Иво, мој добар пријател кој дојде да не земе и однесе до Кичево. Стасавме, се наместивме и журката во Институт беше епска исто како и целиот викенд (види видео ).
На враќање не угости Злате кој работи шлеп службата на АМСМ и кој не пренесе безбедно до Скопје.
Затоа ја сакам мојата работа бидејќи никогаш не знаеш што следно ќе се случи и какви се луѓе ќе запознаеш. Фала му на бога ретки се изроди како тој на почетокот на приказната.
Уште еднаш, Хростос воскресе, за многу години празникот да сте ми живи и здрави и да се гледаме само за убаво и на подиум“ – ја завршува приказната за својата епска викенд велигденска авантура Панчо, а и ние со мислата: „Се’ е добро, штом добро ќе се сврши“!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial