Радио Милева песна за последно збогум...

Панчо – ДНК и Огнен Здравковски со иста песна се простија од Џеј: „Недеља“ како последен поздрав до фолк легендата во чии вени течеше и македонска крв (ВИДЕО)

Панчо – ДНК и Огнен Здравковски со иста песна се простија од Џеј:  „Недеља“ како последен поздрав до фолк легендата во чии вени течеше и македонска крв (ВИДЕО)

Замина Џеј… Замина уште една фолк легенда, во чии вени течеше и македонска крв. Човекот чии песни го растреперуваа срцето, ја топеа душата, ги нижеа емоциите во низа од солзи како бисери… Човекот кој како ретко кој знаеше да ја пренесе патината преточена во стихови низ песна, знаеше да го преслика животот во неколку строфи кои и најцврстиот успеваа да го разнежнат и најкрутиот да го растопат… Таква емоција во пеењето тешко дека ќе се повтори или можеби никогаш и нема…

Естрадата тагува по загубата, колегите жалат по Џеј… И оние од српската естрада, но и целиот регион, меѓу кои и нашите естрадни ѕвезди, зашто Џеј не беше само пејачиште какво што се раѓа еднаш во векот, туку и мал – голем човек… Или поточно душа од човек… Со тежок живот, особено детството и тинејџерскиот период, боем од младоста па се до последниот, до судниот ден, до онаа судбинска „Недеља“ која пред многу години и самиот си ја испеа и опеа во веројатно неговиоит најголем хит и вечен фолк евергрин…

Недела му беше и судниот ден кога престана да чука неговото срце, кршејќи ги срцата не само на неговите најблиски, најмилите, семејството, туку и на сите што го познаваа, се дружеа со него, пееја заедно, но и на сите оние кои ги знаеа и пееја неговите неповторливи песни… Од кафеана до свадба, од тага до веселба…

Затоа естрадата и нејзините најголеми ѕвезди со огромна почит, со најголем пиетет се простуваат од Џеј… Со грст емоции, море од солзи и зборови преточени во највпечатливите стихови од неговите песни… Но и со испеани рефрени, со дел од неговите песни и во нив вткаено парче душа, за последно збогум на пријателот, на легендата…

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/estradata-se-prostuva-od-dzej-ramadanovski-nedela-a-povekje-nema-da-ve-gushnam/

Македонските музички ѕвезди не се изклучок. Многумина повеќе или помалку познати го направија истото преку социјалните мрежи. Највпечатливи двајца естрадни уметници, едниот поискусен, другиот многу помлад. Едниот ар-ен-би ѕвезда другиот млада „Гранд ѕвезда“, едниот дел од во моментов најпопуларното дуо во Македонија, другиот еден од најперспективните млади пејачи кои потекнуваат од познато музичко семејство…

Панчо – ДНК и Огнен Здравковски со огромна почит и респект се простија од Џеј Рамадановски со иста песна… Онаа неговата, судбинска, во која уште оддамна самиот си го претскажа и опеа денот кога замина – „Недеља“.

„Еден од моите омилен еснаф фолк изведувачи. Легендо, боемчино, патувај спокојно“ – најпрвин напиша Панчо ставајќи емотикон со скршено срце покрај споделениот пост.

Потоа, сподели уште еден со видео, на кое и самиот ја изведува песната некаде, во кафеана иако фолкот ниту оддалеку не му лежи, ниту е „негова музика“… Но емоцијата што ја носеа песните и интерпретацијата на Џеј, очигледно се сечии…

„Кога другарите ме тераат да им ‘пеам’ секогаш го бирав него и Недеља“ – напиша Панчо па покрај споделеното видео со неговата изведба.

Младата македонска „Гранд ѕвезда“, дете од едно од најпознатите наши музички семејства – Џорлеви, пејачот Огнен Здравковски исто така речиси на идентичен начин се прости од Џеј.

„Недела и сите сме тука, а тебе со нас те нема… Почивај во мир легендо“ – напиша Огнен во прошталната порака покрај видеото на кое и тој изведува дел од вечниот судбински евергрин на Џеј.

To top