Радио Милева хит

Панаѓурската фолк пејачка Венди Вукелиќ со брилијантна „танчерка“ во Шабац (фото+видео)

Панаѓурската фолк пејачка Венди Вукелиќ со брилијантна „танчерка“ во Шабац (фото+видео)

Скандалозната пејачка Весна Вукелиќ Венди е позната како „ кралицата на панаѓурите“, а нејзините урнебесни изведби под истото име често се во јавноста.

Така беше и сега. Весна ја забавуваше публиката на панаѓур во Шабац, а одамна е познато дека често пее на вакви настани.

Но, сега до неа беше една танчерка, која целосно му се предаде на ритамот, а публиката воодушевено ја следеше.

Сега, корисник на социјалните мрежи ја снимил и го објавил видеото на Тик Ток. Венди цело време играше и пееше, а танчерката не заостануваше. Многумина коментираа дека всушност танчерката и го украла настапот на пејачката.

Видеото од синоќа веќе стана хит на сите социјални мрежи, и на сите им се допадна.

Венди се обиде да ја загрее атмосферата, додека под шаторот каде што пееше се собраа голем број луѓе.

Како беше нејзиниот настап, и како реагираше публиката, погледнете го видеото.

Фото:Принтскрин/ТикТок/Дамир Дервишагиќ

To top