Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет во петок, 27 јануари 2023 во 20 часот.
Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Јане Бакевски, хор – мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.
Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Дејан Стоев и Драган Ампов. Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.