Радио Милева Мала, ситна, динамитна, згодна, неопходна...

„Пали и жари“: Стојне Николова знае како се прави да „спиеш на пари“! (ФОТО)

„Пали и жари“: Стојне Николова знае како се прави да „спиеш на пари“! (ФОТО)

Таа е едно од оние, условно речено поновоте имиња на македонската фолк естрада која за кусо време им се придружи на најголемите ѕвезди по популарноста! Ако Ноне важеше за македонската поп, оваа е нашата фолк  „џепна венера“. Мала, ситна, динамитна, згодна, неопходна… Стојне Николова пука од сексапил!

Атрактивната струмичанка со однеодамна, скопска адреса на живеење, очигледно знае како… И со глас и со стас! Новогодишната магија ја преточи во нова фотосесија, па, на убавото Стојне, како и многумина од нас,  не му одолеа ни Дедо Мраз. Ја седна во скут, па во неговото крило „привлечното мињонче“  изгледаше како слатко бомбонче, или украсно новогодишно лампионче.

Ама Стојнето не е секси само кога се слика… туку подеднакво е привлечна и провокативна и кога пее. Од Лозана до гостиварска кафеана… каде и да пееше за Нова Година и по новогодишните празници, „атомската струмичанка“ повторно се сети, покрај вокалните, да ги покаже и телесните квалитети.

Деколте до папок или мини до препони… И за да нема забуни: се’ е на мегдан, а ништо не се гледа ни приметува… само се наѕира и насетува!

Очигледно,  покрај песната, умее постојано да бомбардира со нова провокација за комплетна имагинација. Кај и да е се појави, Стојнето „пали и жари“… Несомнено знае, како се прави „да спиеш на пари“!

 

To top