Радио Милева максимилијан и винсент

Палави на мама, а шмекери на тато: Ова се синовите на Златан Ибрахимовиќ (фото)

Палави на мама, а шмекери на тато: Ова се синовите на Златан Ибрахимовиќ (фото)

Синовите на Златан Ибрахимовиќ се најголемата гордост на славниот фудбалер.

Дали наскоро ќе се збогува со дресот на Милан или од професионалниот спорт? Златан Ибрахимовиќ, кој во октомври ќе наполни 42 години, ги исполни сите услови за пензија, а заработи доволно за да не се грижи за иднината.

Шведскиот фудбалски ас со балканско потекло настапува за познатиот италијански клуб, не му недостасува енергија, а тука се и неговите најверни фанови – партнерката Хелена Сегер и синовите Максимилијан и Винсент.

Шеснаесетгодишниот Максимилијан ги „влече“ гените на својот татко, а во едно видео покажал дека може да стане сериозен напаѓач. Ги облече копачките, многу стручно „маневрираше“ со топката и постигна гол во стилот на Ибра.

Од мајка си ја наследил русата коса, како и неговиот помлад брат Винсент. Момците не ги пропуштаат натпреварите на Милан, особено кога се играат на домашен терен. Понекогаш по натпреварот брзаат да го гушнат тато во црвено-црни дресови. А дали ќе тргнат по неговите стапки или ќе се посветат на некоја друга сфера од животот ќе дознаеме во блиска иднина.

фото:Profimedia

To top