Мегафон
нова регионална соработка

Пајак и Џехва имаат дует: Македонскиот трапер и познатата српска пејачка со заедничка песна и спот (ФОТО)

Пајак и Џехва имаат дует: Македонскиот трапер и познатата српска пејачка со заедничка песна и спот (ФОТО)

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески- Пајак продолжува со музички изненадувања и го најавува дуетот со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ.

Теодора на нејзиниот профил на Instagram објави неколку секунди од снимањето на спотот, а во разговор со фановите напиша: Песната со Пајак е втора песна која ја слушав повеќе од 500 пати.

Пејачката исто така најави и дека дуетот со Пајак ќе излезе набрзо. Двајцата престојуваат на Кипар каде што снимаат и спот за песната.

– Нова песна ќе имам за многу брзо, а албумот почна полека да се подготвува. Се надевам дека до следната година ова време ќе излезе, напиша Теодора.

Заедно со Mc Stojan во февруари годинава го Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичнатабројка од над 16 милиони прегледи на одличната макфестовска дует песна „Bella“.

Младиот трап артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…