Српскиот фолк пејач Кеба важи за метросексуалец и еден од најнегуваните повозрасни мажи на естрадата.
Тој ја бои косата, применува третмани за убавина, тегнење на брчките и сл.
Но, овој пат Драган Којиќ Кеба изгледа малку претера во следењето на трендовите за убавина.
Веќе е стара вест дека тој направил исцртување на веѓите со јапонска метода, но сега тој поминал низ корекција и резултатот е хит на социјалните мрежи.
Колешката на Кеба, Едита Арадиновиќ, на својот Инстаграм профил објави весела фотографија од него, а овој пат најмногу коментари привлекоа тетовираните веѓи на Кеба.
Дури и прекрасното деколте на згодната пејачка не привлече толку внимание.