Манекенката Ирина Шајк и актерот Бредли Купер се фотографирани како заедно шетаат низ улиците на Њујорк.
Во таа прилика тие изгледаа многу блиски, па ги покренаа шпекулациите дека повторно се заедно.
Некогашниот пар го дели старателството над нивната ќерка, а се разделија пред две години.
Разделабата се случи по написите дека Бредли Купер премногу се зближил со Лејди Гага.
Бредли и Ирина тогаш негираа дека Лејди Гага е причина за нивната разделба. Отогаш тие неколку пати се видени заедно, но во друштво на нивната ќерка.
Меѓутоа, поради најновите папарацо фотографии се појавија гласините дека парот повторно е заедно бидејќи овојпат друштво не им правеше ќерката, а тие изгледаат многу блиско.
Парот шетал разговарајќи, а додека лицето на Ирина било покриено со заштитна маска и очила за сонце, Бредли не успеал да ја скрие насмевката и одличното расположение, како и тоа колку ужива во друштво на неговата поранешна партнерка и мајка на неговото дете.
Шајк го држела Бредли под рака додека шетале, а парот изгледал многу опуштено заедно.
И двајцата биле облечени во лежерни комбинации, па изгледале прекрасно заедно.
Парот бил верен, но никогаш не го кажале судбинското „да“ пред матичар, а по раскинувањето го продолжиле својот однос, како што велат – како пријатели.
фото: инстаграм/marieclairerussia/ Mark RALSTON / AFP / Profimedia