Радио Милева
„криминална„ љубов

Oженет член на криминалистичката група „Пинк Пантер“ ја финансира победничката на „Задруга“, Ива Гргуриќ?

Oженет член на криминалистичката група „Пинк Пантер“ ја финансира победничката на „Задруга“, Ива Гргуриќ?

Победничката на „Задруга 3“, Ива Гргуриќ наводно е во врска со член на криминалистичката гурпа„Пинк Пантер“.

Извори тврдат дека новиот партнер на поранешната задругарка е  познат по тоа што на 15 април 2007 година со останатите членови на криминалистката група влетале со два автомобили во шопинг мол во Дубаи и ограбиле златара.

Старлетата наводно од својот партнер добила и автомобил – мерцедес, а наводно тој и плаќа рата за кирија. Како што пишува курир.рс тој и ги финансира луксузните патувања, бреднирана гардероба, но немат заеднички фотографии.

Победничка на „Задруга“ наводно знае се за новото момче и нема проблем што тој е оженет и има семејство. Тие се заедно осум месеци, а таа крие од јавноста.

Исто така, наводно „ферарито“ во кое се снима Ива и ги објавува на социјалните мрежи припаѓа на членот на криминалистичката група.

Реалити учесничката досега не се огласи по повод овие пишувања.

фото: принтскрин/инстаграм

извор: курир.рс

Останати вести од Радио Милева