Атрактивната македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска, нема повеќе да го носи презимето Гроздановска иако продолжи така да се презива и откако се раздели од вториот сопруг, Мартин.
Сани долго ја криеше разделбата, за потоа, меѓудруите и во естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ јавно да потврди дека ставила крај и на вториот брак со билдерот Мартин Гроздановски. „Нешто што не го бива, подобро да се прекине на време… Како велат: Подобро е да се спречи отколку да се лечи“. А јас сум од тие што не сака да пијат лекови па затоа спречив на време. Затоа што бевме најдобриот пар, затоа и успејаа луѓето околу нас да не разделат. Меѓутоа нема врска, животот продолжува понатаму“ – рече Сани во Бекстејџ како да сака да ги задржи солзите.
„Сега ќе газам, и со турнеи, и со песни и со се’. Јас се спремам за третиот, а ти си запнал со тие два брака“ – му рече тогаш (сите мислеа, а веројатно исамата таа) на шега на водителот.
„Има кандидати колку сакаш“, додаде пејачкатабез да презизира зошто ставила крај на бракот велејќи дека тоа е нејзина приватна работа.
Сани по разводот тргн да живее убав и опуштен живот. Нејзиниот Инстаграм профил постојано е полн со фотографии од настапите, со микрофонот в рака во длабоки деколтеа уи разголени нозе, летоска споделуваше дузина фотографии и видеа од оодморот со женско друштво на Јадранот…
Се додека не одекна најновата вест дека Сани можеби нема да биде уште долго сингл затоа што наскоро се подготвува за трет брак!
Имено таа на својот профил на Инстаграм сподели фотографија со веренички прстен, на левата рака и напиша дека по трет пат кажала ,,ДА”…
Истата фотографија осамна и кај нејзиното ново момче Никола, кој работи како генерален менаџер на еден термохотел и спа лоцирани на швајцарските алпи, човекот со кој пејачката неодамна ја обзанани врската!
Некои сфатија дека се работи за уште една ајнова шега на фолкерка, трети пак дека сето ова е само реклама, како минатиот пат кога Сани на слична фотографија напиша дека третпат кажала ДА, со тоа што на неа ја означи фирмата за накит со што сакаше да покаже дека нивните прстени се многу убави, а не и дека трет пат ќе е мажи!
За до крај да појасни потоа и самата се огласи на својот профил и напиша:
,,Вака сега, бидејќи се изначитав погрдни коментари од малоумници… Да, кажав да на најубавиот накит на блингблинг и на најубавите нокти од Марија Најдовска. Пред да дадете коментари видете кој е тагнат!И не мора секад најпаметни да се правите! Средете ги вашите животи, па после за мојот замарајте се! Мене ми е супер!“ – напиша тогаш пејачката.
Ама тоа беше тогаш… Сега очигледно работите стојат поинаку. Овојпат не е шега ниту реклама веста дека Сани Гроздановска ќе биде по трет пат невеста. Фолкерката оди на “треќа – среќа“ – доби веренички прстен и македонската пејачка по трет пат кажа – ДА!
Останува само дилемата од нашата неодамнешна претпоставка, дали Сани набргу ќе им пее само на иселениците во европската дијаспора, а дома ќе доаѓа од Швајцарија само одвреме – навреме, кога сака, може и мора?!
Фото: Инстаграм принтскрин/Nikola Urdarevik/sani.grozdanovskasanja