Македонската фолк естрада можеби не е толку голема и развиена како оние на нашите соседи, па затоа и не можеме да се мериме и носиме со нивната популарност, што не значи дека каскаме зад нив во останатите сегменти.
Квалитетот, изведбата, изборот на музички ѕвезди… Меѓу нив, кога се оние од понежниот пол во прашање, имаме грст дами кои можат да им бидат апсолутно конкурентни на Србинките или Бугарките на пример и тоа во сите сегменти: од глас до стас и сексапил.
Елена Велевска, Сузана Гавазова, Татијана Стефановска, Џесика Палашоска,Сања Барби Цинцева, Адријана Кеш... се само дел од имињата кои својот изглед и сексапил знаат да го истакнат, покажат, продадат…
Не ретко на социјалните мрежи или во медиумите публиката има можност да ги види нивните разголени фотографии, на кои тие ја сервираат сета своја убавина, раскошните атрибути, сексапилот, еротичноста… Убаво за око, скокотливо за сетилата, еротски, а сепак уметнички, а не вулгарно…
Има неколку фотографи кои ја сликаат фолк естрадата, секој на свој начин и со своја визија, но се чини дека најубавите уметничко-еротски фотографии ги има направено, тој – момчето по име Томе Табанов.
За него можеби и не се знае многу зашто не е толку експониран како лик во јавноста, но неговите дела олицетворени во еротската уметност видена низ окото на неговиот објектив кога се македонските фок ѕвезди во прашање, говори повеќе од илјада зборови. Не попусто велат: Еднаш видено, како сто пати кажано!
И веројатно до сега сте ги виделе неговите фотографии, ама можеби не сте знаеле дека се негово дело, на младиот уметнички фотограф и дизајнер Томе Табанов од Струмица.
Токму нему најпознатите македонски фолк ѕвезди му го доверуваат своето тело и својот изглед, особено кога треба да се нагласи нивната сексапилност, еротската компонента, провокацијата… И сето тоа да биде возбудливо, скокотливо, разголено, а сепак да не биде визуелно вулгарно, туку пристојно… И се разбира, квалитетно направено.
Колку за да ве потсетиме, погледнете на што мислевме кога зборуваме еротската естетика во делата на младиот македонски уметнички фотограф: