Радио Милева музички пастув

Бил во врска со две познати пејачки кои му беа вокали во групата, а со едната наводно имал и вистински однос пред камери додека снимале спот (ФОТО)

Бил во врска со две познати пејачки кои му беа вокали во групата, а со едната наводно имал и вистински однос пред камери додека снимале спот (ФОТО)

Групата „Моби Дик“, беше многу популарна во деведесеттите години, а пејачот и идеен творец на дуото Срѓан Чолиќ крена многу прашина кога рече дека имал „нешто повеќе од само професионален однос“ и со двете некогашни пејачки на овој состав.

Групата „Моби Дик“ беше една од најпознатите и најбараните, а фановите беа многу разочарани кога дуото преку ноќ престана да егзистира. Двете пејачки – Ана Станиќ која беше прва и Александра Перовиќ, која дојде откако Ана замина од дуото, го напуштија Срѓан.

Откако си заминаа, двете започнаа соло кариера, а фронтменот Срѓан Чолиќ јавно изјави дека имал „нешто повеќе од деловен однос“ и со двете.

Постојат и гласини дека тој и Александра  со која навистина биле во врска, наводно имале и вистински сексуален однос пред камерата за потребите на видеото за песната „Љубоморен“, но тие шпекулации никогаш не беа потврдени.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vo-ova-domashno-video-pejachot-i-pejachkata-imaa-vistinski-seks-video/

Ана Станиќ сè уште е на музичката сцена, а од 2010 година е во брак со бизнисменот Момчило Лаврниќ, поранешен кошаркар, со кого го имаат синот Вук.

По напуштањето на „Моби Дик“, Александра Перовиќ ја продолжи својата соло кариера, а потоа беше учесник и во реланото шоу „Survivor“.

Со својот долгогодишен партнер Бобан Јаблан, таа има син, Павле, по што ја смени својата професија.

Александра сега предава спортски менаџмент на еден приватен универзитет во Србија и на некој начин се повлече од сцената во моментите кога стана мајка.

To top