Радио Милева

Овој член од семејството на Снеже Велков ќе ве „стопи“ на прв поглед (фото)

Овој член од семејството на Снеже Велков ќе ве „стопи“ на прв поглед (фото)

Поранешната ТВ водителка, а сегашна фитнес инструкторка Снеже Велков, неодамна откри дека наското повторно се  враќа на ТВ екраните, но не откри во детали за каков проект станува збор.

Нејзиниот лик и позитивна енергија дефинитивно недостигаат од телевизискиот етер, а каде и во каква улога ќе ја гледаме Снеже, останува да почекаме.

Во меѓувреме, неодамна таа како и секоја година на крајот од месец август ја водеше програмата за Денот на рударите во нејзината родна Каменица, а сега на своите следбеници на Инстаграм им откри еден необичен член од семејството.

Станува збор за персиско зајаче кое едноставно е неодоливо на прв поглед. Снеже го објави на својот профил како јаде јаболко и напиша дека неговото име и презиме е Сквикс Велков.

фото:инстаграм

To top