Сигурно сте слушнале за приказната дека на нашата планета секој има свој двојник, некој кој неверојатно личи на вас.
Верувале или не, двојник има и најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Имено, на друштвените мрежи се појави фотографија од двојникот на Ноле, а сличноста е неверојатна. Тие имаат сличен облик на лицето, носот и устата.
Станува збор за 45 годишниот американски продуцент Мајкл Енглер кој во последните 20 години продуцира серии, а се пробал и во филмови.
Меѓу другото,Maјкл го продуцирал и филмот „Сексот и градот“ и изгледа како повозрасна верзија на Новак.