Радио Милева неговата мајка е најсреќна

Овој актер е прогласен за најсексапилниот маж на светот за 2022 година (фото)

Овој актер е прогласен за најсексапилниот маж на светот за 2022 година (фото)

Актерот Крис Евaнс е прогласен за најсексапилниот маж на светот за 2022 година според магазинот  „People“.

41-годишниот американски актер прогласен е за овогодишен победник во шоуто „The Late Night with Stephen Solbert“. Откако водителот на шоуто го кажал името на актерот публиката почнала да свири и ракоплеска.

„Мојата мајка ќе биде толку среќна. Горда е на сè што правам, но ова е нешто со што може навистина да се пофали“, искоментирал Крис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Инаку, Крис Еванс титулата за најсексапилен маж требаше да ја добие пред две години, но луѓето од магазинот „People“ мислеле дека подобро е да почекаат откако актерот поставил фотографија од својот пенис на интернет.

Имено во септември 2020 година Еванс случајно вчитал гола фотографија додека се обидувал да направи видео-повик на Инстаграм.

Еванс набрзо потоа ја избришал фотографијата, но било предоцна поради тоа што истата била објавена на Твитер и станала вирална.

Крис Еванс е американски актер којшто кариерата ја започнал во улоги во телевизиски серии, како што е „Opposite Sex“ во 2000 година. Во разговор за „People“ тој признал дека по 22 години кариера одлучил малку да забави и да се посвети на активностите во слободно време. Тој настојува времето да го поминува со своето семејство во Бостон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filmy, seriály, hry (@rewindsk)

Најпознат е по улогите на Капетан Америка во филмовите на „Марвел“, но и како Human Torch. Глумел во филмот „Fantastic Four“ и неговото продолжение во 2007 година. Крис Еванс во 2014 година го имаше и режисерското деби во филмот „Before We Go“ во којшто исто така и глумеше.

фото:Инстаграм

To top