Радио Милева

Овие зборови мора да болат: Меган Маркл од сестра си доби сурова роденденска честитка

Овие зборови мора да болат: Меган Маркл од сестра си доби сурова роденденска честитка

Огорчената полусестра на Меган Маркл, Саманта Грант, повторно ја осуди новата војвотка на кралското семејтво на Англија и тоа за нејзниот 37-ми роденден.

Бесната Саманта тврди дека Меган не му го честитала роденденот на татка си кој бил на 18-ти јули.

Во јавноста кружат муабети дека Меган и татко и не зборуваат уште од нејзината венчавка во мај.

Сега Саманта, која со Меган не зборува со години, реши да се огласи на Твитер и да упати зајадлива честитка.

-Среќен роденден Мег! Би било убаво на тато да му пратеше роденденска честитка на 18.јули, напиша откако сестра си ја нарече Круела де Вил и вештерка.

Изгледа дека семејството на Меган не планира да престане со јавните скандали и прозивките.

To top