Пандемијата со коронавирусот не влијае само на физичката здравствена состојба туку и на психичката.
Се побројни се луѓето кои бараат лекарства за да го надминат овој период. Естрадата е најмногу е погодена бидејќи естрадните уметници речиси една година се без работа, без настапи и финансии.
Пејачката Катарина Живковиќ одлично се држела до неодамна кога одлучила да побара стурчна помош. За разлика од многу нејзини колеги кои се срамат да кажат дека посетуваат психолог, таа нема пороблем да открие дека побарала стручна помош.
„Некогаш немам желба да станем од кревет. Со никој не се гледам бидејќи не ми се зборува. Се ова предолго трае и не знам дали повеќе ми е тешко што не работам или што не патувам“, вели пејачката за ало.рс
„Побарав помош од психолог и досега бев на две сеанси. Доста читав за депресијата, знам дека сите ние сме добри теоретичари, а малкумина знаат тоа да го спроведат во пракса, па одлучив да ги побарам луѓето кои се занимваат со тоа“, додава Катарина која верува дека наскоро ќе излезе од депресија.
„Одам во теретана, посветена сум на себе. Се трудам да не пропаднам, но физичката дистанца влијаеше на сите. Не одалечи од се и сите“, вели пејачката.
Пејачката Рада Манојловиќ исто така била во депресија четири месеци.
„Почина една од најважните личности во мојот живот, а тоа е мојата баба. Тоа се случи во јуни. Сфатив дека четири месеци бев во чудна депресија. Ни короната не ме интеренсираше, ништо не ми се работеше“ истакна Рада и откри дека се чувствува подобро.
Ана Николиќ исто така се соочувала со депресија поради коронавирусот.
„Се тоа почна да ме плаши бидејќи трае предолго. Ни на телефон не се јавувам од страв да не ми кажат дека некој починал од овој вирус кој однесе доста блиски луѓе“, вели Николиќ.