Регионалните медиуми се преплавени со веста дека пејачката Марија Шерифовиќ стана мајка, а бебето го роди сурогат мајка. Ваквиот начин за добивање на потомство е реговна пракса со светот на славните . Па така, на 25 јануари Парис Хилтон објави дека станала мајка. Магазинот „Пипл“ објави дека Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум го добиле првото машко дете благодарение на сурогат мајка, а по 10 месеци и второ женско.
„Отсекогаш ми беше сон да бидам мајка и многу сум среќна што Картер и јас се најдовме“, изјави Парис.
Ребел Вилсон, комичарка, сценарист и актерка, на 7 ноември минатата година изјави дека станала мајка.
View this post on Instagram
„Со гордост го објавувам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат“
Пријанка Чопра и пејачот Ник Џонас на 21 јануари потврдија дека го добиле своето прво дете преку сурогат.
„Многу сме среќни што можеме да потврдиме дека го дочекавме бебето преку сурогат.
View this post on Instagram
Сара Џесика Паркер, ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ и сопругот Метју Бродерик добија ќерки близначки со помош на сурогат.
View this post on Instagram
„Се обидуваме да го прошириме семејството веќе неколку години и всушност истражувавме различни начини да го направиме тоа. Ова беше единственото нешто за што сериозно разговаравме, а тоа беше реална можност за нас“, рече Паркер.
По две комплицирани бремености и болест на плацентата акрета, Ким Кардашијан реши да стане сурогат мајка и така го доби своето трето и четврто дете со поранешниот сопруг Канје Вест.
Оскаровката Никол Кидман и музичарот Кит Урбан добија второ дете благодарение на сурогат мајка.
фото: Instagram printscreen/ parishilton/ rebelwilson/ priyankachopra/ sarahjessicaparker/