И во светот на славните има такви кои од различни причини сакале за првпат да уживаат во сексот во брак. Колку некоја двојка ќе чека да има односи, исклучиво е нивна одлука, а некои одлучиле да чекаат повеќе од други…
Адријана Лима и Марко Јариќ
Не само што оваа двојка наводно чекале да се венчаат, туку оваа манекенка невиноста ја чувала дотогаш.
Ешли Грејем и Џастин Ервин
Плус –сајз моделот Ешли Грејем пред седум години во црква го запознала мускулестиот Ервин. Поради неговите религиозни ставови до уживањето почекале додека не се венчале.
Џесика Симпсон и Ник Лешеј
Убавата пејачка многупати зборуваше дека невиноста ја чува за брак. Ако направила како што изјавуваше, тогаш прв маж и бил поранешниот сопруг. Џесика тогаш имаше 22 години.
Миранда Кер и Еван Шпигел
Згодната манекенка во неколку наврати изјави дека нејзиниот свршеник и еден од најмладите милјардери на светот, е традиционален и затоа апстинираат од секс.