Пејачките не изгледаат токму онака, како кога ќе ги видите на телевизија. За некои пејачки се знае дека се ниски, исто како што некои се екстремно високи. Вистината е дека некои пејачи станаа популарни поради долгите нозе, како заштитен знак или знак на распознавање.
Ова се сите пејачки од естрадата кои имаат најдобри и најдолги нозе!
Должината на нозете на Снежана Бабиќ Снеки е дури 1,33 сантиметри. Пејачката мисли дека се подолги отколку што треба и се и е кратко, а и тешко и е да најде гардероба.
Таа секако ја носи титулата „Кралица на најдолгите нозе“. Пејачката е висока 1,81 м.
Нозете на мега ѕвездата Лепа Брена отсекогаш го привлекувале машкото внимание. Пејачката е многу внимателна и освен што води сметка со исхраната, оди и на јога.
Таа стана препознатлива по долгите нозе, како и по ултра кратките шорцеви и фустанчиња кои ги носеше на настапите. Пејачката е висока к 1,78 м.
Висината на Каќа Грујиќ од 1,82 м и должината на нејзините нозе оставаат без здив.
Пејачката се грижи за својот изглед, а често носи и високи потпетици, па гледаме дека таа нема комплекси и знае како да ужива во својата висина, но и во скапите чевли.
Јелена Карлеуша е висока 1,78 метри, а сите можеме да видиме дека пејачката е многу горда на тоа.
Таа секојдневно ги истакнува своите долги нозе, а обожава да носи скапи чевли и чизми кои имаат и многу високи потпетици.
Која друга пејачка е препознатлива по нејзините долги нозе кои најчесто ги истакнува во мини фустанчиња? Секако, Рада Манојловиќ. „Ѕвездата на Гранд“ која е висока 1,73 м, а нејзините нозе се сон не само на мажите туку и на многу жени.
Икао често е критикувана за мини фустанчињата под кои неретко и ѕирка долната облека, не и е грижа за тоа, туку гордо ги покажува обете… И гаќичките и нозете.
Фото: Инстаграм принтскрин