Многу јавни личности го менуваат своето име поради професијата, особено пејачите, меѓу кои се’ уште се оние кои, како змија нозете, го кријат нивното вистинско име.
Иако јавноста е далеку од тоа дека не знае како на пример, се вика Лепа Брена, сепак малкумина знаат како навистина се вика Изворинка Милошевиќ и починатата фолк дива Силвана Армениулиќ.
Овие две пејачки беа мегаѕвезди во бивша Југославија, а никој не го знаеше нивното вистинско име и презиме.
Силвана е родена како Зилха Бајрактаревиќ, но нејзиното вистинско име никогаш не било јавно користено. На почетокот на нејзината кариера, таа почна да се претставува како Силвана, а наскоро и станала ѕвезда во поранешна Југославија. За жал, Силвана загина во сообраќајна несреќа во 1976 година, а повеќе од 40 години подоцна, нејзините песни продолжуваат да живеат како фолк евергрини.
И додека вистинското име на Силвана и може да се запомни, едвај можете да го изговорите она вистинското на Изворинка Милошевиќ!
Изворинка Милошевиќ е родена на 19 јануари 1954 година во Кучево, источна Србија, како Фунтињора Фунта Лунга!
Таа по потеклото на Влаинка по нејзиниот дедо Влајко Лугоњи, а баба и Стојна била Руслакиња.
По Втората светска војна, дедото и го промени своето презиме во Милошевиќ, а по тргнувањето на училиште, Изворинка исто така го сменила своето име.
Всушност, само го превела на Српски јазик.
Извор: Телеграф.рс
Фото: А. Налбантјан