Радио Милева

Овде нешто „смрди“: Кардашијанки објави оглас за „работа од соништата“

Овде нешто „смрди“: Кардашијанки објави оглас за „работа од соништата“

Секако од некаде мора да се почне кариерата, а Кардашијанки решија да дадат прилика на оние кои се уште не добиле.

Имено, работодавецот е Џенер Комуникации, а потребни се кандидати студенти кои сакаат пракса во замена за плаќање школарина. Да, ќе има плата, но познатото семејство ќе вложи во образованието на кандидатото.

Потребно е, да се биде студент, да има автомобил, да живее во Лос Анџелес и да се слободни за работа во понеделник, среда и петок од 9. 30 до 6 попладне. А што всушност треба да се работи:

Списокот на обврски вклучува помагање на децата во игротека, купување намирници и помош за милениците.

Корисниците на социјалните мрежи ова го сфатија како нова врста на робовадетелски однос. Некои се прашуваат дали ваквиот ангажман е воопшто легален. На некои им е смешен на кој начин Кардашијанки бараат слуга.

 

To top