Радио Милева

Овации и воодушевување: Принцот Хари пред преполната сала ја извика од публика Меган Маркл која не очекуваше ништо слично (видео)

Овации и воодушевување: Принцот Хари пред преполната сала ја извика од публика Меган Маркл која не очекуваше ништо слично (видео)

Принцот Хари во рамките на својата позиција на местото претседател на организацијата „Commonwealth“ одржа мотивациска конференција во Лондон на која се собраа десетици илјади млади.

Освен за проблемите на денешницата, заљубениот кралски наследник изведе романтична сцена на бината која предизвика овации и воодушевување од публиката.

34 годишниот Хари укажа на актуелните предизвици со кои се соочуваат младите, како да ги надминат и да станат позитивен пример.

фото:Профимедиа

Британскиот принц од публиката ја повика и својата сопруга Меган Маркл, која по протокол не планираше да зборува. Хари првин и се заблагодари на сопругата на се што има во животот, а потоа нагласи некои нејзини омилени животни цитати за да ја охрабри собраната младина.

-Мојата сопруга често знае да ме потсети со еден од нејзините омилени стихови наМартин Лутер Кинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag) on

 

-Темнината не може да се избрка со темнина, тоа може да го направи едно светло. Мразењето не може да го избрка мразењето, тоа ќе го направи само љубовта, кажа Хари.

To top