Српскиот репрезентативен голгетер Александар Митровиќ уште еднаш ја израдува својата нација кога на натпреварот помеѓу Србија и Црна Гора од последното коло на Лигата на нациите му даде два гола на противничкиот тим, што беше и конечен резултат – 2:0 за Србија.
Како што е вистински лав на теренот, така е и во приватниот живот. Александар, иако се оженил многу млад, има стабилно семејство составено од невенчаната сопруга Кристина, како и неговите син и ќеркичка.
Кристина е музата која му дава сила на Александар и која го следи целиот низ свет каде и да игра, но исто така и го поддржува кога е најтешко.
Токму таа е одговорна за фактот дека Александар може да оди на трнинг и натпревар без да мисли на сите проблеми што ги носи секојдневниот живот, зашто тука е таа да ги реши, а нему само да му го остави постигнувањето голови.
Згодната белграѓанка која, како што може да се види, воопшто не се запоставила ниту себе си, со Митровиќ се запознала преку заеднички пријател, тогашен негов соиграч.
Љубовта на прв поглед пламнала, а потоа дошол на свет и синот Лука, а лани и нивната ќеркичка.
Кристина со својот физички изглед на манекенка и топ модел освојува одм прва. Особено со долгите нозе и својот евидентен сексапил.
Засега, невенчаната сопруга на српската фудбалска ѕвезда очигледно знае како да го стимулира и да му го даде она што му треба на нејзиниот човек, за тој да биде голгетрска ѕвезда во својот Фулам, Премиер лигата и српскиот национален фудбалски тим!
Едноставно, Кристина е неговиот природен допинг!