Актерката Лидија Вукичевиќ засекогаш ќе остане запаметена по улогата во култната ТВ серија „Подобар живот“, а сега по долги години искрено ја призна вистината за хонорарот.
„Улогата на Виолета многу се исплатеше! Од хонорарите во серијата ‘Подобар живот’ направив куќа“ – изјави Вукичевиќ.
„Од реклами, кои ги снимав благодарение на серијата, купив два автомобили. Едниот беше за мене, другиот беше за татко ми“ – додаде Лидија во една емисија.
Инаку, Лидија постигна голема популарност токму благодарение на улогата на Виолета, а многумина коментираат дека и покрај годините актерката не се променила многу од ликот на серијата, со оглед на тоа што и денес изгледа многу младолико.
Фото: Јутјуб/Инстаграм принтскрин/vukiceviclidija