Радио Милева швалериште...

Оваа тајна долго ја криел: Миле Китиќ има вонбрачен син? (ФОТО)

Оваа тајна долго ја криел: Миле Китиќ има вонбрачен син? (ФОТО)

Иако криењето тајни не им е посилна страна на познатите,  популарниот фолкер успеал да го направи тоа. Имено, дури неодамна во јавноста протече информација која открива каков живот водел Миле Китиќ во минатото.

Според мештаните во Тузла, една нивна сограѓанка со години се фалела дека има вонбрачен син со Миле Китиќ кој го зачнале пред дваесет години кога Миле таму имал концерт.

Наводно, уште порано се запознале во Германија, во Франкфурт на една свадба на која тој пеел, а потоа откако започнале романса, кога се сретнале во Тузла, таа го угостила во својата куќа која ја изградила како гастарбајтерка кога  од Германија доаѓала во нејзиното родно место.

Сакала да има дете со него, но тој не сакал да слушне за тоа, а кога се породила му рекла дека имаат син и дека сега можат да се венчаат. Пејачот и понатаму не сакал да слушне зашто  бил во брак со Марта Савиќ, па останал договорот дека оваа тајна ќе ја кријат цел живот, а тој тајно ја посетувал во Германија, го гледал детето и давал пари кога за тоа имало потреба.

Таа се’ уште се фали дека е така и дека уживаат во семејното време кога и да можат, иако подоцна се омажила за богат Германец со кого добила уште две деца.

Фото: Инстаграм принтскрин/milekitic

To top