Радио Милева
на работ на смртта...

Оваа српска пејачка преживеа вистински хорор: „Невенчаниот сопруг се обиде да ме убие!“ (ФОТО)

Оваа српска пејачка преживеа вистински хорор: „Невенчаниот сопруг се обиде да ме убие!“ (ФОТО)

Иако јавните личности минуваат толку многу убави моменти во текот на животот и кариерата, сепак на некои од нив, за среќа ретко, ама сепак им се случува да бидат на работ на животот. Пејачка која се соочила со повеќе од лошо искуство е  српската фолкерка Наташа Ѓорѓевиќ.

Драматичен настан пред десеттина години ја оддели од сцената некое време, кога нејзината популарност беше во врвот.

Имено, поранешниот невенчан сопруг на Наташа, се обидел да ја убие, така што удрил во својот автомобил во нејзиниот, обидувајќи се да ја истурка од патот, по што пејачката за малку речиси ќе беше трагично загината, или поточно – убиена.

 

 

Ја возев мајка ми на лекар и враќајќи се назад забележав дека мојот невенчан сопруг, со кого раскинав пред една година, ме следи. Почнав да бегам од споредните улички и на крајот кога помислив дека сум безбедна се упатив кон дома. Не ни помислив дека пред станот во кој живеам ќе се обиде да ме нападне. Кога се паркирав пред зградата, мајка ми излезе од автомобилот,  додека јас барав место за паркирање.

Тогаш тој скокна од едни грмушки врз хаубата од мојот автомобил, почна да треска на неа, да го крши ветробранското стакло. Брзо дадов гас и почнав да бегам, но тој влезе во неговиот автомобил и почна да ме следи. После неколку минути, ме стигна и почна да удира со својот во мојот автомобил отстрана, обидувајќи се да ме истурка од патот. Во еден момент, бев сигурна дека ќе загинам, зашто тој нема да запре се’ додека не ме убие. Сепак, среќата и присебноста ме спасија“ – ќе раскаже пејачката.

Наташа сега има 45 години, сè уште активно се занимава со музика, пее и живее во српската престолнина.

Останати вести од Радио Милева